Ayhan Şimşek
17 Декември 2019•Ажурирај: 18 Декември 2019
БЕРЛИН (АА) - Пензионираниот американски генерал и поранешен командант на американските сили во Европа, Бен Хоџес, изјави дека за Соединерите Американски Држави (САД), стратешките односи со Турција се многу поважни од краткотрајните односи со одредени курдски групи на северниот дел на Сирија, и дека не сака ни да замисли каков би бил НАТО Сојузот без Турција.
Хоџес во разговор за Агенција Анадолија (AA) ја коментираше актуелната ситуација во Сирија и зборуваше за турско-американските односи.
Тој ги изнесе критиките на сметка на администрацијата на САД поради поддршката на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го користи називот СДГ (т.н Сириски демократски сили).
„Поради краткорочните, тактички интереси, одлучивме да ја поддржиме оваа организација бидејќи е ефективна во борбата против ДЕАШ. Она што е тука особено значајно е дека тоа го сторивме на голема штета на стратешките односи со Турција“, изјави Хоџес.
Тој реагира и на изјавите на некои американски политичари и експерти, кои, како што изјави, за ЈПГ/ПКК го користат изразот „Наши курдски сојузници“.
„ЈПГ е продолжена рака на терористичката огранизација ПКК. Напорите да се одвојат не беа уверливи“, смета Хоџес, и додаде:
„Курдите не се наши сојузници. Сојузниците вклучуваат обврски, што значи, не само емоционални, туку тоа вклучува и еден правен однос. Нашите обврски во правна смисла се кон Турција, која е наш сојузник во НАТО од 1952 година.“
Хоџес нагласи дека стратешкиот однос со Турција е многу поважен за САД од краткотрајните односи со одредени курдски групи на северниот дел на Сирија и додаде дека Вашингтон мора да ја земе предвид безбедносната чувствителност на Турција и во тој контекст да пружи повеќе поддршка на таа земја.
И покрај разликите во ставовите за некои прашања, Хоџес смета дека Турција и понатаму е незаменлив НАТО сојузник.
„Јас сум голем оптимист во тоа важните имиња да ја сфатат важноста на односите меѓу САД и Турција, но и важноста на Турција во НАТО. Не сакам ни да замислам каков би бил НАТО без Турција“, изјави Хоџес.