Ekipa
14 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ИДЛИБ (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад извршија жестоки артилериски напади на гратчето Хан Шејхун, коешто претходно беше цел и на нападите со забранетото хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Преставникот на цивилната заштита, Мухамед Хај Јусуф, за АА изјави дека во нападите се ранети најмалку петмина цивили.
„Артилериските режимски сили во текот на изминатата ноќ извршија жестоки удари на Хан Шејхун. Тука нема воени елементи, цел на нападите беа исклучиво цивилите. Стравуваме дека нападите би можеле да продолжат“, изјави Јусуф.
Хан Шејхун се наоѓа во едно од четирите подрачја кои со договорот со посредство на Турција, Русија и Иран, беа прогласени за неконфликтни зони.
Станува збор за гратче коешто во април оваа година беше цел на стравотен напад со хемиско оружје, во којшто беа убиени најмалку 100, а ранети речиси 500 цивили.