Alaattin Doğru
22 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
ДАКАР
Изјавата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека ‘колонијализмот беше голема грешка’ за време на состанокот на кој е одлучено досегашната валута CFA-франк, што 74 години се користи во Западна Африка, да се замени со паричната единица „еко“, африканските експерти ја оценија како „нов маневар на Франција за колонијализам на континентот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на посетата на Брегот на Слоновата Коска, Макрон по средбата со колегата Аласан Утара, за време на заедничката прес-конференција изјави: „Присуството на Франција на континентот се оценува како колонијална моќ која обезбедува супериорност. Колонијализмот беше голема и сериозна грешка на Република Франција“, предизвикувајќи реакции од африканските земји.
Изразувајќи надеж дека се отвора нова страница во историјата, Макрон рече: „Јас доаѓам од една генерација која не го знае периодот на колонијализација. Три четвртини од вашето население воопшто не се запозна со колонијализмот. Се премина на новата парична единица на барање на младите генерации од континентот“, по што повикот упатен до африканската младина за воспоставување сојуз заснован на пријателството со Франција е прокоментиран како неоколонијален маневар на Франција.
- „Обид на Франција да ја одржи својата доминација во поранешните колонии“
Африканските економисти го оценија донесувањето на новата парична единица „еко“ наместо досегашниот CFA-франк од страна на земјите од Економската и монетарната унија на Западна Африка (UEMOA) како обид на Франција да ја одржи својата доминантна монетарна политика во поранешните колонии.
Сенегалскиот економски аналитичар Шеик Фатма Диоп истакна дека премиот од CFA-франкот во паричната единица еко значи дека нема да им се дозволи на африканските држави да формираат сопствени монетарни политики.
Диоп вели: „Фактот дека гарант за еко е Централната банка на Франција значи дека парите што африканските земји ќе ги користат во меѓународната трговија ќе бидат чувани во француската Централна банка.“
Потсетувајќи дека новата парична единица е формирана во паритет со еврото во сооднос 1 евро - 655,957 еко, истакна дека повлекувањето на француските претставници од Централната банка на Западна Африка нема некое стратешко значење, бидејќи монетарната политика ќе биде водена од страна на Централната банка на Франција.
И сенегалскиот експерт Ндонго Самба Сјала истакна дека Макрон и Утара само се ослободиле од вознемирувачкото име „CFA-франк“, подвлекувајќи дека на тој начин е поткопан заедничкиот план за заедничка валута на земјите од Економската зедница на западноафрикански држави (ECOWAS).