Beyza Binnur Dönmez
06 Јануари 2023•Ажурирај: 08 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Штрајкот на вработените во „Рајанер“ поради лошите услови за работа и ниските плати повторно ќе предизвика големи нарушувања во функционирањето на Аеродромот „Шарлроа“ во Брисел, бидејќи поради штрајкот викендов се очекува да бидат откажани над 100 лета, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Штрајкот, кој е свикан за 7 и 8 јануари, најверојатно ќе има влијае на околу 20.000 патници“, објави локалниот дневен весник „Ла Дерние Хер“ (La Derniere Heure).
„Ирската авиокомпанија предизвика слични нарушувања во авиопревозот за време на новогодишниот викенд, откажувајќи 128 лета“, се вели во веста која ја пренесе изјавата на извршниот директор на Аеродромот „Шарлроа“, Филип Вердонк.
„Бројките се слични на оние од првите три дена од штрајкот (од 30 до 31 декември и 1 јануари), но концентрирани во текот на два дена“, рече Вердонк. „Затоа станува збор за 20.000 патници кои ќе бидат погодени и за стотина летови кои ќе бидат откажани.“
„Ги чекаме најновите детали за да имаме точни бројки“, додаде тој.