Mohammad Sıo
20 Мај 2024•Ажурирај: 21 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа по смртоносната израелска офанзива, што започна по 7 октомври, се искачи на 35.562, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.
Во нападите досега повредени се најмалку 79.652 лица, се додава во соопштението на Министерството.
„Во израелските напади во последните 24 часа загинаа 106 лица, а 176 се повредени“, објави Министерството.
Се додава дека многу тела сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив.
Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот во енклавата.
Повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а владее и недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив да се погрижи неговите сили да не вршат акти на геноцид и да преземат мерки за да гарантираат дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.