Ikrame Imane Kouachi
13 Октомври 2024•Ажурирај: 14 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Уште најмалку 52 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што билансот од 7 октомври минатата година се зголеми на 42.227, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Министерството додаде дека во нападите повредени се најмалку 98.464 Палестинци.
„Израелските сили убија 52 лица, а повредени се 128 во четири масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.
Израелските напади го раселија речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.