Hamdi Yılmaz,Hacer Başer
01 Ноември 2023•Ажурирај: 01 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, објавија дека гаѓале израелско воено возило во градот Газа, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Бригадите Ал-Касам се наведува дека со ракета „Јасин 105“ уништиле израелско воено возило кое влегло во источниот дел на округот Ез Зејтун и дека возилото изгорело.
Израелската војска сѐ уште не се огласи за случајот.
Израелската војска од 7 октомври интензивно го бомбардираше блокираниот Појас Газа, а на 29 октомври објави дека започнала ограничена копнена операција.
Министерството за здравство во Газа објави дека во израелските напади се убиени 8.525 Палестинци, вклучувајќи 3.542 деца и 2.187 жени, а 21.643 лица се повредени.
Израелските официјални претставници објавија дека повеќе од 1.400 Израелци, вклучувајќи 317 војници, загинале во нападите од Газа.