Zehra Nur Düz
06 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Британската кралица Елизабета истакна дека таа сака Камила, војвотката од Корнвол, да биде призната како кралица консорт (кралица-сопруга) кога принцот Чарлс ќе стане крал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката по повод годишнината од нејзиното доаѓање на тронот, кралицата изрази благодарност до јавноста и до нејзиното семејство за поддршката во текот на нејзините 70 години на тронот.
„И кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека ќе му ја дадете и нему и на неговата сопруга Камила истата поддршка што ми ја дадовте мене; мојата искрена желба е, кога ќе дојде тоа време, Камила да биде призната како кралица консорт, продолжувајќи ја нејзината лојална служба“, рече таа.
Кралицата Елизабета II ја достигна 70-годишната на тронот.
Со платинестиот јубилеј таа станува монарх со најдолг стаж во британската историја, која е на тронот од 1952 година.
Бакингамската палата претходно објави листа на настани планирани за летото, како концерти, специјални церемонии, улични забави и дополнителни празници за јавноста по повод јубилејот.