Ahmet Gürhan Kartal
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ЛОНДОН (АА) - Стратегијата на британската Влада во борбата против екстремизмот се соочува со правна постапка за случај што започна денес, пред Врховниот суд во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Во судски предмет поднесен од страна на Селман Бат, главен уредник на информативниот сајт Islam21c, се тврди дека некои аспекти на Стратегијата за спречување ги кршат основните права, како што е слободата на говорот.
„Спречете“ е владина стратегија со којашто се поставуваат дополнителни обврски за едукаторите да ги пријават сите сомнителни екстремистички активности. Како што се наведува, стратегијата има за цел да ги спречи луѓето да станат терористи или да го поддржуваат тероризмот.
Бат беше категоризиран од страна британскиот Хоумофис во 2015 година како „ненасилен екстремист“. Во соопштението на Владата во септември истата година се вели дека Бат во неговите говори дејствува против британските вредности.
„Во 2014 година имаше најмалку 70 настани во коишто учествуваа говорници за кои се знае дека промовирале реторика што има за цел да ги поткопа основните британски вредности на демократијата, владеењето на правото, слободата на поединецот и меѓусебното почитување и толеранцијата меѓу оние со различна вероисповед и убедувања, а тие се одржани на универзитетски кампуси“, се додава во соопштението.
Бат беше додаден на листата говорници во истото соопштение, но тој негира дека има ставови спротивни на британските вредности.
Според веб-сајтот на Бат, на денешниот судскиот процес му беше дадено зелено светло од страна на судијата од Високиот суд, Џастис Оуселеј, кој рече дека предизвикот е прифатлив врз две основи: насоките за стратегијата „Спречете“, издадени за високообразовните установи се незаконски и дека информациите собрани во врска со Бат од страна на Хоум офисот се во спротивност со Законот за заштита на податоците.
Расправата се очекува да трае три дена.