İnci Gündağ
12 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседателот Доналд Трамп, го доби спорот што го отвори против британскиот весник „Daily Mail“ („Дејли мејл“), поради веста во која се наведува оти во минатото таа работела како „дама за придружба“, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Daily Mail“ објави дека на првата дама на САД ќе ѝ исплати обештетување поради објавените вести поврзани со периодот кога Меланија била модел.
Весникот ќе објави и писмо со извинување во врска со веста објавена на 20 август 2016 година, поради погрешните тврдења и дека тие се повлечени.
Весникот не ја објави висината на обештетувањето, но во британските медиуми се појавија информации дека вкупната вредност би требало да изнесува околу 3 милиони долари.
„Daily Mail“, најчитаниот весник во Британија, за време на предизборната кампања минатата година објави вест во која се вели дека во деведесеттите години од минатиот век, периодот кога Меланија Трамп работела како модел, била „придружба за елитата“.
Адвокатите на Меланија Трамп подигнаа судски спор против весникот, барајќи обештетување од 150 милиони долари, поради изгубената шанса за добивка од реклами на полето на модата, накитот и козметиката поради објавената вест под наслов „Првата дама - најфотографираната жена на светот“.