Zuhal Demirci
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Борис Џонсон и сопругата Кери Џонсон (Симондс) добија второ дете, јавува Агенција Анадолија (АА).
Девојчето се роди денеска во болница во Лондон.
Портпаролот на парот соопшти дека мајката и бебето се добро, а семејството му се заблагодари на тимот на Службата за здравствена заштита за поддршката и грижата кои ги покажа.
Сопругата на Џонсон, Кери Симондс, првото дете, синот, го роди на 29 април 2020 година.
Премиерот од претходниот брак, кој заврши во 2018 година, има четири деца, а од вонбрачната заедница, едно.