Saadet Gökce
26 Март 2025•Ажурирај: 26 Март 2025
Бројот на загинати во шумските пожари што го зафатија југоистокот на Јужна Кореја се големи на 24, известува Анадолу.
Според вестите што ги објави „Јонхап“, официјалните лица дале изјави во врска со тековните шумски пожари во земјата.
Надлежните информирале дека бројот на загинати во шумските пожари што започнаа на југоистокот на земјата се зголемил на 24.
Властите известија дека во гаснењето на пожарите учествуваат илјадници лица од службите.
- 17.000 хектари шумска површина е претворена во пепел
Властите соопштија дека вкупно 17.000 хектари шумска површина е претворена во пепел, а 209 објекти се оштетени во пожарите.
Властите, исто така, објавија дека околу 5.000 припадници на армискиот персонал и 146 хеликоптери биле распоредени за да помогнат во борбата против шумските пожари.
Хан Дак-Су, вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, во својата изјава нагласи дека треба да се направат сеопфатни напори за да се спречи понатамошното ширење на шумските пожари.
Хан ги опиша шумските пожари како „најлоши досега“.
- Се урна хеликоптер помагајќи во пожарите
Во хеликоптерска несреќа животот го загуби 73-годишен пилот кога неговиот хеликоптер С-76 – кој бил во служба 30 години – се урна додека се борел со пожарите во Уисеонг, околу 180 километри југоисточно од Сеул.
По несреќата, властите наредија приземјување на сите противпожарни хеликоптери.
- Пожарите во Јужна Кореја
Во пожарите што започнаа на 21 март досега изгоре површина од 17.000 хектари, уништени се 209 домови и фабрики, а евакуирани се околу 500 затвореници од еден затвор во Северен Геонгсанг.
Во пожарот целосно е уништен и историскиот храм Гоунса во Уисеонг, кој бил изграден во 681 година од будистички монах за време на династијата Сила. Официјалните лица од културата успеале да ги спасат камениот Буда од 9 век и други историски артефакти пред пламените јазици да го зафатат храмот.
Илјадници пожарникари, десетици хеликоптери и итни служби се мобилизирани од минатиот петок, кога пожарите започнаа во округот Санчеонг, во провинцијата Јужен Геонгсанг.
Поттикнати од силните суви ветрови, пламените брзо се проширија кон север, зафаќајќи ги Уисеонг, Андонг, Чеонгсонг, Јеонгјанг и Јеонгдок.