Muhammed Sabry
19 Октомври 2023•Ажурирај: 20 Октомври 2023
АЛ-КУДС (АА) - Израелската Армија денес објави дека во сегашниот конфликт со палестинските групи загинале вкупно 306 војници, јавува Анадолу.
Армијата ги објави имињата на уште двајца безбедносни офицери и еден резервист загинати во судирите во близина на границата со Појасот Газа.
Израелското Министерство за здравство соопшти дека се повредени 4.629 Израелци, од кои осум потешко.
Газа се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, додека водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.
Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.
Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.
Бројот на загинати во израелските напади од 7 октомври во Појасот Газа е зголемен на 3.478, со повеќе од 12.000 повредени.