Esat Fırat
12 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Бројот на загинатите во воздушните напади кои израелската војска од утринските часови ги врши во Појасот Газа кој е под блокада, се искачи на пет лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство, 26-годошниот Палестинец Ибрахим Дабус, кој беше повреден во воздушниот напад на израелската војска во северниот дел на Газа, го загуби својот живот, со тоа што вкупно 5 лица загинаа во нападите на израелската војска во Газа.
Ова министерство соопшти дека во нападите се повредени 18 лица.
- Се зголемува тензијата
Израелската војска претходно соопшти дека извршиле напад врз куќата на Беха Ебу ал Ата, еден од истакнатите команданти на бригадата „Ал Кудс“, военото крило на палестиското движење „Исламски џихад“, во чии рамки убиени се Ебу ал Ата, и неговата сопруга Есма.
По убиството на Ебу ал Ата, од Газа беа лансирани ракети кон повеќе места во Израел, пред се кон Тел Авив.