Yusuf Özcan
08 Февруари 2020•Ажурирај: 09 Февруари 2020
ПАРИЗ (АА) - Француската министерка за здравство, Агнес Бузин, соопшти дека бројот на заразени лица со потенцијално смртоносниот коронавирус во земјата се зголемил на 11, јавува Агенција Анадолија (AA).
Бузин пред новинарите во Париз изјави дека вирусот 2019-nVCoV е потврден кај пет нови пациенти и дека моментално во Франција се заразени вкупно 11 лица.
„Еден од заразените пациенти е и дете, како и државјанин на Велика Британија кој во Франција дошол од Сингапур“, изјави министерката.
Вирусот кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а случаи на зараза со коронавирусот се потврдени во над 20 земји низ светот, меѓу кои се и САД, Русија, Велика Британија, Франција, Сингапур, Италија, Индија и Шпанија.
Во Кина досега, како последица на заразата од вирусот починаа најмалку 724 лица, а во последните 24 часа има 34.546 потврдени случаи на коронавирус, 86 починати лица, и откриени се над 3.000 нови случаи со вирусот.
Многу земји ги евакуираа своите граѓани од градот Вухан, епицентарот на вирусот, и од други погодени области во Кина, сместувајќи ги во изолирани медицински услови. Голем број авиокомпании ги запреа летовите кон Кина.
Светската здравствена организација (WHO) прогласи состојба на глобална опасност поради ширењето на опасниот вирус.