Ahmed Asmar
14 Мај 2025•Ажурирај: 15 Мај 2025
АНКАРА (АА) - Најмалку 20 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 52.928, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во нападите се повредени 125 лица, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 119.846 .
„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.
Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што се убиени речиси 2.800 луѓе, а повредени се над 7.800 и покрај договорот за прекин на огнот и за размена на затвореници од јануари.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.