Ahmet Gürhan Kartal
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
ЛОНДОН (АА) - 39-те безживотни тела пронајдени во камион во Есекс, Англија, се на кинески државјани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британската полиција вели дека безживотните тела на 39-те лица биле пронајдени во камион во индустрискиот парк во Турок.
Телата на 38 возрасни лица и еден тинејџер беа пронајдени вчера изутрина во приколка на камион во британскиот регион Есекс, поточно во индустриската зона Вотерглејд во гратчето Грејс.
„Брзата помош пристигна, но за жал, 39-те лица беа прогласени за мртви на местото на настанот. Раните индикации укажуваат на тоа дека 38 се возрасни, а еден е тинејџер“, се вели во соопштението на полицијата од Есекс.
Полицијата покрена истрага за убиство во врска со инцидентот, но не откри информации за националноста на 38-те возрасни лица и тинејџерот, кои беа пронајдени мртви.
Локалните извештаи, вклучително и еден од „Скај њуз“, велат дека жртвите биле кинески државјани.
Уапсен е возачот на камионот, Мо Робинсон (25) од Северна Ирска. Од полицијата наведуваат дека камионот дошол од Бугарија, и преку Белгија влегол во Велика Британија. Уапсениот возач го зел камионот во раните утрински часови вчера, но се вклучил аларм откако го возел камионот во индустриски парк.