Büşra Selvi Öğütcen
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
КАРАКАС (АА) - Мал авион со 9 патници се урна при принудно слетување во Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за внарешни работи на Венецуела, Нестор Реверол, изјави дека авионот што полетал од островот Маргарита, поради механички дефект бил принуден да се врати назад. Авионот се урнал на отворен простор кај Карибите, додека пилотот се обидувал да се врати на аеродромот од каде што полетал.
Министерот Реверол изјави дека не е потврден идентитетот на патниците во авионот, но се знае дека меѓу деветтемина патници, седуммина се пилоти или вработени во јавни институции. Реверол соопшти дека во акцијата за пребарување и пронаоѓање на урнатиот авион учествуваат најмалку 100 лица.
Не се знае дали има преживеани меѓу деветтемина патници на урнатиот авион. Авионот „The Gulfstream 3“ беше сопственост на Владата на Венецуела и се користеше за транспорт на вработени од јавните институции.