Hasan Tosun
27 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ВИЕНА (АА) - Поради дојава за терористичка закана на аеродромот во Виена беше евакуиран авион на компанијата "EasyJet", јавува Anadolu Agency (AA).
Всушност, пред самото полетување од Виена за Лондон, една патничка пријави дека видела сомнителни пораки на телефонот на еден Ирачанец кој седел до неа. Таа навела дека осомничениот е член на терористичката организација ДАЕШ.
Австриското министерство за одбрана соопшти дека по пријавата, авионот е евакуиран и дека е извршен детален преглед на патниците и багажот.
При преглед на авионот и патниците не е утврдено дека постои закана за безбедноста, а авионот во текот на ноќта полета од Виена за Лондон.
Полицијата со цел да земе изјави ја задржа жената која ја пријави заканата и Иранчанецот кој беше предмет на сомнеж.