Zehra Ulucak
30 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во природните катастрофи кои се случија во првите 10 месеци во оваа година, 185 лица го загубија својот живот или се водат како исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на виетнамското Министерство за земјоделство и рурален развој, 185 лица загинаа или се водат како исчезнати, додека 134 лица се повредени во природните катастрофи, како тајфуните, поплавите и свлечиштата, кои се случија во земјата во периодот од јануари до октомври оваа година.
Се истакнува дека во овие природни катастрофи кои се случија во наведениот период, срушени се околу 1.900 куќи, а оштетени се 59.600 куќи и земјоделско земјиште од 172.000 хектари.
Се вели дека природните катастрофи предизвикале економска загуба од 382,6 милиони долари.