Ömer Tuğrul Çam
06 Мај 2022•Ажурирај: 08 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Поради рускиот напад на Украина, во Брисел, кој се смета за „срцето на Европската Унија (ЕУ)“ се планира промена на имињата на улиците и авениите поврзани со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Советниците на централните бриселски општини и општината Сен Жил предложија промена на имињата на „Улицата Русија“ и „Улицата Сталинград“ во градот Брисел.
Предложено е улицата „Русија“ да се преименува во „Улица Украина“.
Членовите на Градскиот совет, кои го дадоа предлогот, наведоа дека Брисел, познат како главен град на ЕУ, треба повеќе да го крене гласот против Русија и да ја поддржи Украина со вакви симболични акции.
Марк Нетер, советник во Општината Сен Жилс, рече: „Како Европејци не можеме да молчиме пред хуманитарната драма која се случува на нашиот праг. Сакаме да им дадеме на Украинците порака на надеж и да ги потсетиме дека ги поддржуваме.“
„Улицата Русија“ и „Улицата Сталинград“ се наоѓаат во фреквентно подрачје во центарот на Брисел.