Hakan Çopur
03 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
ВАШИНГТОН (AA) – Стотици демонстранти во Вашингтон протестираа против посетата на претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, кој денес треба да се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Американците со потекло од Египет сметаат дека Сиси се истакнува по кршењето на човековите права и дека не треба да биде примен во Белата куќа.
Некои од демонстрантите носеа облека којашто ги симболизира уапсените во египетските затвори, а на крајот на протестите пуштени се гулаби, симбол на слободата и мирот.
Меѓу демонстрантите се најде и Американецот Мухмаед Султан, по потекло од Египет, кој штрајкуваше со глад за време на едногодишниот престој во египетски затвор.
Султан истакна дека голем број невини луѓе во Египет лежат во затвор и дека САД треба да ја прекине воената помош што му ја дава на Каиро.
Пред Белата куќа за денес се планирани демонстрации кои ги организираат многу невладини организации.
Само неколку дена откако официјално стана претседател, Трамп му телефонираше на египетскиот колега и го повика во Вашингтон за да разговараат за билатералните и за регионалните односи, како и за борбата против терористичката организација ДЕАШ.