Hasan Esen
17 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија, Врховниот суд одлучи дека тестаментот на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, треба да се чува во тајност најмалку 90 години за да се заштити достоинството на монархијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судијата Ендрју Мекфарлан соопшти дека донесена е одлука тестаментот на принцот Филип да биде запечатен, да не биде направена ниту една копија и да не се чува во судот.
Mекфарлан, исто така, одлучи дека вредноста на наследството на принцот не треба да биде вклучена во тестаментот.
Истакнувајќи дека ќе бидат потребни најмалку 90 години за да се ратификува тестаментот и дека овој период е „пропорционален и доволен“, судијата Мекфарлан рече: „За да се зачува достоинството на кралицата и членовите на нејзиното потесно семејство, потребно е да се зголеми заштитата во приватните области од животот на оваа помала група луѓе.“
Меѓу другото, Мекфарлан истакна дека не постои правна основа за ангажирање претставници на медиумски организации во парницата со образложение дека „јавниот интерес го надгледува јавниот обвинител“.
Првиот кралски член чиј тестамент се чуваше во тајност беше принцот Френсис, брат на кралицата Марија, сопруга на кралот Џорџ Петти.
По смртта на мајката на кралицата Елизабета Втора, Елизабета и нејзината сестра, принцезата Маргарет, исто така тестаментите беа запечатени.
Принцот Филип почина во јуни на 99-годишна возраст.