Halit Süleyman
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку петмина цивили загинаа, а 11 се повредени во воздушните напади од страна на руските и сириските сили во градот Идлиб и неговата периферија, јавува Anadolu Agency (AA).
Службеници од импровизираните болници во Идлиб јавуваат дека авиони на војската лојална на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад извеле жестоки напади во регионот Санаји во Идлиб, при што загинале најмалку пет лица, а повредени се осум цивили.
Од Цивилната одбрана во Идлиб јавуваат дека во нападите предизвикана е голема материјална штета, а избиле и неколку пожари во објектите.
Локалните власти јавуваат дека авиони на руските и сириските воздушни сили денес извеле напади врз населеното место Ериха во Идлиб, односно во местата Серакиб и Тафтаназ.
Паралелно со тоа, локалниот активист од Идлиб, Фирас Таки, за АА рече дека руски бомбардери го гаѓале селото Каиб ал-Лоз, кое е под контрола на сириската опозиција.
Во тие напади ранети се најмалку тројца цивили.