Aydoğan Kalabalık
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
КАИРО (АА) - Во Египет езгекутирани се четворица затвореници, кои претходно беа осуден на смртна казна од страна на воениот суд, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните претставници истакнаа дека затворениците утринава биле егзекутирани во затворот Бурџ ал-Араб во Александрија, а биле обвинети за насилните настани во 2015 година во градот Кафр ел-Шеик.
Директорот на египетскиот Координативен центар за права и слободи, Изет Гунејм, истакна дека егзекутираните лица биле осудени на смртна казна за случајот „Стадион во Кафр ел-Шеик“.
АА дознава дека се егзекуирани Ахмед Абдулхади ес-Сухајми (29), Ахмед Абдулмуним Селаме (42), Самих Абдула Јусуф (32) и Љутви Ибрахим Исмаил (25).
Во експлозијата која се случи во 2015 година пред стадионот во Кафр ел-Шеик загинаа тројца студенти на воената академија.
Воениот суд во Александрија на 2 март 2016 година им изрече смртна казна на обвинетите, која во јуни 2017 година ја потврди Врховниот воен суд.
Заедно со денешните, бројот на погубени лица откако на власт дојде египетскиот претседател Абдулфетах ал-Сиси се зголеми на 27 лица. Минатиот вторник беа погубени 15 осудени лица.
Во Египет има 30 осудени лица на смртна казна за кои е донесена конечна пресуда, но не е познато за колку лица биле изречена првостепена смртна казна. Организациите за човекови права сметаат дека станува збор за стотици луѓе.