АНКАРА (АА) – Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објави дека во текот на едномесечните напади на режимот на Башар ал Асад и на Русија во зоната за деескалација на судирите во Идлиб бомбардирани се 24 здравствени центри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен од Сириската мрежа за човекови права (SNHR) се вели дека режимот на Асад и Русија, за време на нападите извршени помеѓу 26 април - 24 мај, во деескалационата зона вкупно 29 пати бомбардирал 24 здравствени центри.
СНХР истакнува дека во истиот период режимот на Асад бомбардирал вкупно 15 здравствени центри, од кои 9 во Идлиб, 5 во Хама и еден во Алепо. Русија, пак, во истиот период извршила вкупно 14 напади, од кои 6 во Идлиб и 8 во Хама.
Според извештајот, како резултат на нападите четворица здравствени работници ги загубиле своите животи.
Канцеларијата за координација на хуманитарните работи (OCHA) при Обединетите нации (ОН) во септември 2014 година соопшти дека 6 здравствени центри во Сирија биле изложени на напад од режимските сили и од Русија.
- Повик за заштита на цивилите -
Во извештајот се истакнува дека Обединетите нации во однос на граѓанската војна во прилог на резолуциите 2254 и 2139 треба да обезбедат нови мерки за ставање крај на случајните напади и прекин на огнот.
Се нагласува дека во рамките на ОН има полемики во однос на сириското прашање и дека преку дејствување на национално и регионално ниво треба да се воспостават нови коалиции за заштита и помош на сирискиот народ.
- Последната ситуација во деескалационата зона во Идлиб -
Покраината Идлиб во северозападна Сирија, од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција, достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Нападите се интензивираа за време на 12-тиот состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25-26 април во Нурсултан, главниот град на Казахстан. Во последните две недели продолжуваат со ист интензитет.
Изворите од Цивилната одбрана (Бели шлемови) соопштуваат дека од 25 април најмалку 167 цивили ги загубиле своите животи, а над 415 цивили се повредени.
Режимот и неговите поддржувачи со нападите го прекршуваат Договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година. Нападите на режимот се причина за принудно иселување на 553.444 цивили.
Режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран, со поддршка на Русија од воздух, со нападите врз зоната за деескалација на судирите во Идлиб, зазедоа површина од 100 квадратни километри.