Ahmed Asmar
04 Мај 2024•Ажурирај: 05 Мај 2024
РАМАЛА (АА) - Најмалку 4 палестински новинарки се меѓу медиумските работници што се наоѓаат во израелските затвори, соопшти вчера групата на палестински затвореници, известува Анадолу.
„Четири новинарки се притворени во израелските затвори, од кои една е доилка“, се наведува во соопштението на Палестинското друштво за затвореници објавено по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.
Во израелските затвори се наоѓаат новинарките Ихлас Савала, Рола Хасаеин, Бушра ал-Тавил и Асма Хереш. Новинарките Савала, Ал-Тавил и Хереш се во административен притвор без судење или обвинение.
Палестинската група за човекови права, исто така, соопшти дека новинарката Сомаја Џавабра се наоѓа во домашен притвор откако е пуштена од израелски затвор во ноември минатата година.
Претходно, групата во заедничко соопштение со организациите за човекови права информираше дека Израел привел 53 палестински новинари во затвори и објекти за притвор, вклучувајќи 43 кои се притворени по 7. октомври.