Ikrame Imane Kouachi
30 Март 2024•Ажурирај: 31 Март 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку уште 82 Палестинци загинаа, а 98 се повредени во последните 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.
„Израелската окупација (силите) изврши осум масакри врз семејства во Појасот Газа, оставајќи 82 загинати и 98 повредени во текот на изминатите 24 часа“, истакна Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Непочитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа каде што од 7 октомври загинаа најмалку 32.705 Палестинци, главно жени и деца, а 75.190 се повредени, според палестинските здравствени власти.
Израел започна смртоносна воена офанзива врз Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.
Израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според податоците на Обединетите нации.