Ayşe Doğru
06 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
АНКАРА
Во индиската сојузна држава Андра Прадеш 73-годишна жена по терапија со инвитро стана мајка на близначиња, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), 73-годишната Магајама Јарамати и нејзиниот сопруг Ситарама Раџарао со години се лекувале со методот инвитро за да станат родители.
Јарамати, по двомесечна терапија со инвитро-методот кај д-р Ума Санкар останала трудна и вчера по породувањето со „царски рез“ станала мајка на женски близначиња.
Д-р Санкар информираше дека мајката и бебињата се во добра состојба.
Се дознава дека таткото Раџарао по породувањето на сопругата добил излив, по што се шлогирал и се наоѓа во болница на лекување.
Далџиндер Каур од индиската сојузна држава Панџаб во 2016 година на 72-годишна возраст роди машко бебе.