Çağrı Koşak
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
БЕЈРУТ (АА) - Истражувањето во врска со случаите на самоубиство во Либан кој се соочува со политичка и економска криза, откри дека на секои 2,5 дена по едно лице врши самоубиство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите на ова истражување подготвено од страна на седум психијатри врз основа на податоците на Силите за внатрешна безбедност во врска со случаите на самоубиство во периодот од јануари 2008 до декември 2018 година, се објавени во списанието „Asian Journal of Psychiatry“.
Се истакнува дека во овој период се регистрирани 1.366 случаи на самоубиство, и дека во просек на секои 2,5 ден се самоубило по едно лице.
Исто така, 66 отсто од случаите се мажи, и 34 отсто се жени.
Според истражувањето, 70,4 отсто од лицата кои се самоубиле се Либанци, 13,2 отсто се Етиопјани, 10,9 отсто се Сиријци и 2 отсто се Палестинци.