Adham Kako,Mohamad Misto
08 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
ИСТОЧНА ГУТА / АНКАРА (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад повторно користеа бомби со отровни гасови во напад на цивилите во бунтовничката енклава Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА од терен јавува дека од неименувани извори во болниците добил потврда дека во синоќешните воздушни напади на населбите Сакба и Хамурије се користени отровни гасови.
Локалната Цивилна заштита (Бели шлемови) јавува дека по воздушните напади се ширел отровен гас низ населбите. Цивилите во регионот се скриени во подземни засолншта, а досега нема информации за билансот на настрадани.
Силите на режимот на Асад и неговите сојузнички руски воздушни сили, во изминатите неколку недели ги интензивираа нападите во Источна Гута, која е под контрола на бунтовниците, а под опсада на режимските сили.
Во енклавата гола борба за преживување водат речиси 400.000 цивили.
Најмалку 30 лица се хоспитализирани откако силите на Асад пред два дена извршија напад со бомби со хлорен гас врз населбата Хамурије.