Ruslan Rehimov
16 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Во артилериските и ракетните напади кои Ерменија ги изврши досега во населените места во Азербејџан, загинаа 47, а повредени се 222 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното обвинителство на Азербејџан ги соопшти бројките во врска со загинатите лица и настанатата материјална штета како резултат на нападите на Ерменија извршени од 27 септември до 16 октомври.
Според соопштеното, во овој период животот го загубиле 47 азербејџански цивили, додека 222 цивили се повредени.
Како резултат на нападите на Ерменија, 1.669 куќи, 84 згради и 301 јавен објект се во неупотреблива состојба.