Gülşen Topçu
17 Мај 2024•Ажурирај: 18 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 14 Палестинци се убиени во нападите што израелската армија во текот на ноќта ги изврши во различни делови на Газа, јавува Анадолу.
Израелските воени авиони во текот на ноќта извршија напади врз северниот, јужниот и централниот дел на Газа.
Во воздушен напад врз училиштето Ал Џауни, каде што раселените Палестинци престојуваат во бегалскиот камп Ан-Нусејрат во централниот дел на Газа, загинаа четворица Палестинци, а неколкумина беа повредени.
Телата на девет лица се донесени доцна синоќа во Европската болница во Хан Јунис.
Во нападот на бегалскиот камп Џабалија има и повредени.
Едно лице е убиено, а две се повредени во нападот во близина на раскрсницата Ал-Авда во јужниот град Рафа.