Murat Ünlü
14 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Најмалку седум лица се повредени во синоќешните немири во францускиот град Лион. Немирите избија пред, но и на стадионот пред почетокот на четвртфиналниот натпревар од Европската лига помеѓу Лион и Бешикташ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Канцеларијата на гувернерот на Лион e потврдeно дека во текот на синоќешните немири беа повредени најмалку седум навивачи, а со полесни повреди се здобија тројца полицајци и двајца членови на жандармеријата.
По инцидентот кој се случи минатата ноќ, француските сили за безбедност уапсија најмалку 12 навивачи.
Синожешниот натпревар од Европската лига синоќа започна 45 минути подоцна поради нередот со навивачите, а Бешикташ беше поразен од домаќинот со резултат од 2:1.