Orhan Onur Gemici
16 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
АНКАРА
Најмалку тројца припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во рамките на операцијата „Канџа-тигар“, која турските сили ја спроведуваат на северниот дел на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Турција е наведено дека турските сили продолжуваат со успешна акција во регионот Хафтанин, на северниот дел на Ирак.
Наведено е дека во воздушниот напад се неутрализирани тројца терористи на ПКК и нагласено е дека акциите ќе бидат продолжени сѐ додека од тоа подрачје не биде отстранет и последниот терорист.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, но и на северниот дел на соседните земји Ирак и Сирија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.