Ahmet Sait Akçay
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
ХАТАЈ (АА) - Во офанзивата на сирискиот режим во последните десет дена убиено е најмалку 71 лице, меѓу кои се наоѓаат и борците на опозицијата. Офанзивата е покрената во регионот на планината Туркмен и Јабал ал-Акрад во сириската северозападна покраина Латакија, дознава Anadolu Agency (AA) од локални извори.
Во споменатиот период, силите на Башар ал Асад извршија десетина воздушни напади во покраината, убивајќи 17 луѓе на планината Туркмен и 56 во Јабал ал-Акрад. Според истиот локален извор, во нападите поддржани од страна на режимските копнени сили ранети се околу 100 лица.
Локалниот извор додава дека во тие десет дена од страна на опозициските сили убиени се најмалку 150 војници на сирискиот режим.