Ömer Koparan
24 Ноември 2024•Ажурирај: 27 Ноември 2024
АЛ-БАБ (АА) - Најмалку еден цивил загина, а 14 се повредени во ракетен напад што го изврши терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на Ал Баб во северна Сирија, јавува Анадолу.
Терористите на ПКК/ЈПГ, кои се стационирани спроти селото Абле во западниот дел на округот, го гаѓаа центарот на Ал Баб со повеќе ракети.
Според првичните информации, во нападот на терористичка организација врз џамијата Хајрат и населбите во округот Земзем во Ал Баб, загинал еден цивил, а 14 се повредени.
На повредените им е укажана помош во здравствените домови во подрачјето.

Центарот на Ал Баб беше расчистен од тероризмот во февруари 2017 година, во рамките на антитерористичката операција „Штитот на Еуфрат“, прекугранична операција на турските сили.
Туркије започна три успешни антитерористички операции од 2016 година во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) .
Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.