Sümeyye Dilara Dinçer
28 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
АНКАРА
Најмалку 200 милиони деца низ светот живеат во земји каде што нема услови за образование на далечина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот објавен од Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), во 31 земја со низок и среден приход има најмалку 200 милиони деца кои немаат услови за образование на далечина.
Според анализата на Индексот на подготвеност за образование на далечина на ОН, 31 од 67-те земји (најчесто во Западна и Централна Африка) не можат да обезбедат можности за образование на далечина, додека 17 од земјите се во можност да обезбедат само умерен пристап.
УНИЦЕФ истакна дека предучилишното образование е образовна група која е најзапоставена и дека голем број земји не спроведоа соодветна политика за време на појавата на Ковид-19.
Во извештајот се додава дека Бенин, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Конго, Етиопија, Мадагаскар, Малави, Нигер и Того се меѓу земјите кои имаат најголема потреба во развојот на образовниот сектор.
Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе, истакна дека се работи напорно за да се искористи моќта на технологијата и да се обезбедат можности за образование на сите деца и млади луѓе.
Меѓу другото, во извештајот се наведува дека нема еднакви можности за пристап до образование на далечина и дека во некои земји не постои друг образовен систем кој би го заменил физичкото образование.