Oktaj Omeragikj
26 Јуни 2025•Ажурирај: 26 Јуни 2025
БОГОТА (АА) - Свлечиштата предизвикани од обилни дождови во подрачјето на колумбискиот град Меделин одзедоа 11 животи, а 15 лица се водат за исчезнати, известува Анадолу.
Градоначалникот на Меделин, Федерико Гутиерез, даде изјава за медиумите во врска со смртните случаи предизвикани од свлечиштата во подрачјата на местата Бело и Алтос де Ориенте по обилните дождови.
Гутиерез соопшти дека 11 лица ги загубиле животите во свлечиштата, а 15 лица се водат за исчезнати.
Тој истакна дека 10 куќи се урнале и дека екипите за пребарување и спасување продолжуваат со работа деноноќно.
Според локалните медиуми, постојат стравувања дека бројот на загинати ќе се зголеми. Фактот дека има голем број куќи изградени на ридови без дозвола предизвика дискусии во медиумите.
Поројните дождови, кои се интензивни низ цела Колумбија од март, предизвикаа човечки жртви и оштетување на имотите во многу региони на Колумбија.