Saadet Gökce
13 Септември 2025•Ажурирај: 15 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 12 пакистански војници се убиени за време на размена на оган со терористи во северозападен Пакистан, соопшти денес војската, пренесува Анадолу.
Медиумското крило на војската соопшти дека 35 терористи на забранетата група Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП) биле убиени за време на две одделни воени операции од 10 до 13 септември.
Во првата операција во округот Баџаур се убиени 22 милитанти, додека за време на втората операција во Јужен Вазиристан убиени се 12 војници и 13 милитанти.
Двата судира се случија со „Фитна ал Хавариџ“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на ТТП.
Пакистан бележи пораст на милитантните напади во последните години. Исламабад го обвинува Кабул дека не успеал да ги спречи терористите на ТТП од изведувањето напади во Пакистан.
Авганистан ги негира обвинувањата, потврдувајќи ја својата посветеност да не дозволи користење на негова територија за напади врз соседна земја.