Mehmet Yılmaz
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
БУДИМПЕШТА (АА) - Од октомври минатата година до јануари 2019 година во Унгарија како последица на смрзнување починаа 87 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на интернет-страницата „24.hu“, вкупно 87 лица починале како последица на смрзнување во период од 15 октомври 2018 година, кога стапи во сила законот кој им забранува на бездомниците да живеат на улица во Унгарија, па се до 19 јануари 2019 година.
Во изјавата на претставниците на Социјалниот форум на Унгарија (MSZF) за оваа интернет-страница се нагласува дека поголемиот дел од починатите лица како последица на смрзнување, починале во куќи каде што греењето било недоволно или на пат кон болница.
Во веста се истакнува дека на плоштадот „Кошут“ во Будимпешта е одржана комеморативна церемонија за жртвите.
Во изјавата на претставниците на Социјалниот форум на Унгарија (MSZF) се вели дека од 1990 година досега во Унгарија починале околу 8.000 лица како последица на смрзнување.