Erdoğan Çağatay Zontur
06 Јуни 2019•Ажурирај: 07 Јуни 2019
ПАРИЗ (АА) - Во Франција денеска беше одбележана 75. годишнина од почетокот на големата офанзива за спас на Европа од окупацијата на нацистичка Германија и од почетокот на крајот на Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот претседател Емануел Макрон ја пречека британската премиерка Тереза Меј во француската општина Вер-Сур-Мер.
За време на церемонијата, Макрон истакна дека ќе се изгради британски споменик во спомен на 25.000 војници кои се бореле за Франција, додавајќи дека тоа е одлука што тој и Меј ја презеле минатата година.
Макрон подоцна ќе го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на американските гробишта во покраината Колевил-Сур-Мер.
Околу 160.000 сојузнички трупи, главно од Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија и Канада, пристигнаа во Нормандија на 6 јуни 1944 година - почетокот на завршната фаза на една од најкрвавите војни во историјата на човештвото.