Yusuf Özcan
07 Декември 2018•Ажурирај: 08 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Над 700 средношколци се приведени во тензиите што се случија за време на демонстрациите организирани низ Франција со цел протест против образовните политики на претседателот на Франција, Емануел Макрон, и Владата на оваа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на француските медиуми базирани врз извори во француското Министерство за внатрешни работи, над 700 средношколци биле приведени за време на вчерашните тензии.
Почнувајќи од понеделникот, учениците/студентите организираат протести во повеќе градови. Студентските синдикати упатија порака дека демонстрациите ќе продолжат со помасовно учество.
Во тензиите за време на демонстрациите одржани во средата беа приведени 32 ученици/студенти.