Laith Al-jnaidi,Safiye Karabacak
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
АМАН
Во Јордан прогласена алармантна состојба за можна наезда на пустински скакулци од границата со Саудиска Арабија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писмената изјава на јорданското Министерство за земјоделство, министерот за земјоделство, Ибрахим ал Шахахиде, дал инструкции релевантните институции да бидат во највисока алармна состојба за борбата против скакулци.
Шахахиде истакна дека таквата одлука е донесена по тримесечното набљудување дека скакулци стигнале до северниот и јужниот регион на Саудиска Арабија, особено во регионот Хаил, кој е оддалечен 500 километри од границата со Јордан.
Изјавувајќи дека стадото од скакулци кои напредувале од Јемен во Саудиска Арабија, го следат сериозно, Шахахиде рече дека покрај квалификуваниот персонал во Министерството, сите страни кои можат да ги поддржат, се подготвени.
Тој исто така истакна дека во главниот град Аман ја активирале Централната комора за будност и филијалите на институцијата во јужните градови.
Во изминатите години стада од скакулци се појавија во Јордан. Тие погодија и многу други земји.
Наведено е дека 40 - 80 милиони пустински скакулци на квадратен километар, за еден ден ја консумираат храната што ја јадат 35.000 луѓе.