Adam Abu-bashal
27 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
АБУЏА
Вооружени напаѓачи убија 22 лица во напад на рудник за злато во нигериската држава Замфара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, вооружени лица, кои дошле со мотоцикли во рудник за злато во регионот Данкурми, почнале да пукаат наоколу по слободен избор.
Во нападот животот го загубија 22 лица, а има голем број ранети.
Во истата држава, вчера во раните утрински часови вооружени лица киднапираа 317 ученички во напад на женски интернат.
- Кавги за пасишта
Нигериската држава Замфара веќе 5 години е место на жестоки судири меѓу племето Фулани, кое се занимава со сточарство, и некои племиња што се занимаваат со земјоделие.
Племето Фулани, кое мигрира кон југот на земјата за да ја пасе својата стока, тврди дека земјоделците се обидуваат да им го украдат добитокот и дека ги напаѓаат.
Околу 2.000 лица ги загубија своите животи поради конфликтите во регионот, а илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Под лидерство на Бело Мохамед Матавале, гувернерот на државата Замфара, двете групи потпишаа мировен договор во 2019 година со кој ќе се стави крај на меѓусебниот конфликт, а повеќе од 2.000 членови на бандите го положија своето оружје.