Dmitri Chirciu
25 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
ЕРЕВАН
Началникот на Генералштабот на ерменската Армија, Оник Гаспарјан, како и високи команданти, објавија декларација преку која го повикаа премиерот Никола Пашинјан да даде оставка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми во Ерменија, сите високи команданти, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на ерменската Армија, потпишаа декларација за оставка на Пашинјан.
Од друга страна, ерменскиот премиер Пашинјан, повиците на воените команданти за негова оставка ги опиша како обид за државен удар, и упати апел до неговите поддржувачи да излезат на улиците.