Ayhan Şimşek
05 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, изјави дека новиот светски поредок го гледа растечкото влијание на Русија, Турција и на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на Берлинскиот форум за надворешна политика за идните сценарија во меѓународната политика, Габриел ја критикуваше надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, при што истакна дека додека Американците ја отстапуваат својата лидерска улога, тоа отсуство на сили на теренот на Блискиот Исток и во Африка, во голема мера го пополнуваат другите сили.
„Гледаме дека натпреварувачите не спијат“, вели тој, тврдејќи дека Кина значително го зголемила своето влијание во Африка, а пак Русија, Турција и Иран играат силна улога во обликувањето на настаните на Блискиот Исток.
Минатомесечниот самит во Сирија меѓу претставниците на Русија, Турција и Иран во Сочи, Габриел го нарече симболичност за тоа како старите империи се издигнуваат повторно.
„Големите сили кои се состанаа во Сочи не се пријатели. Но имаат заеднички работи“, вели тој.
„Секој од нив ја промовира својата историска величина дома и во странство. И она што е различно од нас, го користат сопствениот капитал, за да го покажат тоа на Запад“.
„Тие се, на некој начин, подготвени да платат каков било вид на данок за статусот да се биде голема сила... Економските загуби, дипломатските тензии, финансиските казни, санкции, многу такви работи се прифатени од нив за да опстојат во нивното барање за регионално водство и да го покажат својот национален суверенитет “, тврди тој.
Габриел ја опиша политиката на Русија кон Украина како пример за нивниот нов модел во меѓународната политика.
- Турција не отстапува од воените распоредувања
Габриел изјави дека другите регионални сили, исто така, сѐ повеќе применуваат наметлива надворешна политика.
„Турција, исто така, не отстапува од воените распоредувања, што може да доведе до конфронтација со САД, и ги брани своите интереси против курдските напори за независност“, рече тој, осврнувајќи се на активностите на терористичката група ПЈД / ПКК во северна Сирија.
Највисокиот германски дипломат го потврди засиленото влијание на Иран во Сирија и на Блискиот Исток, но, исто така, го обвини Техеран за обезбедување поддршка на шиитските милитанти и на терористичките групи во соседните земји.
„Иран вложува многу напори во поддршката на делумно терористичка милиција во целиот регион, со цел да ги контролира соседните држави или да им отежне на другите да го контролираат регионот“, тврди тој.
Исто така, Габриел повторно упати повик до европските земји за зајакнување на ЕУ како силен политички актер кој активно учествува во формирањето на нов мултиполарен светски поредок и да зазема поголема одговорност во глобалните работи.