Nour Mahd Ali Abu Aisha,Ali Semerci
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Петнаесетгодишниот Азам Хилал Увејда загина за време на масовните демонстрации на границата на Појасот Газа и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите се одржаа петти петок по ред, а како и секој пат досега, интервенираа израелските војници. Увејда е ранет во главата, потврди портпаролот на Министерството за здравство на Палестина, Ешреф ал-Кудра.
Бројот на мртвите за време на демонстрациите кои се одржуваат секој петок веќе пет недели е зголемен на 46.
Илјадници Палестинци на границата со Газа веќе петти петок по ред мирно протестираат и го одбележуваат Денот на земјата, во знак на сеќавање на 30 март 1976 година, денот кога Израел одзеде илјадници хектари палестинска земја.
Од почетокот на протестите досега загинаа 46 Палестинци, а ранети се над 6.000. Се планира, протестите да продолжат до средината на мај.
Денот на земјата во Палестина се одбележува од 1976 година, станувајќи, на некој начин, симбол на отпорот на Палестинците за враќање во својата земја, а воедно и обид да ѝ се укаже на Меѓународната заедница на потребата за заштита на правата на палестинскиот народ, основање независна држава Палестина и враќање на палестинските бегалци во татковината.