Alma Çekovic
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во текот на 2016 година се случија над 3.500 напади врз бегалци и засолништа на баратели на азил, што значи дека дневно, во просек се случувале 10 напади, соопшти Министерството за внатрешни работи на Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на германското министерство, во тие напади се повредени 560 лица, меѓу кои и 43 деца. Три четвртини од нападите се случиле надвор од местата на нивните живеалишта, додека околу 1.000 напади се случиле во засолништата во коишто живеат, се наведува во пишаниот одговор на пратеничко прашање.
Политиката на отворени врати за бегалците и мигрантите кои бегаат од судири и прогон, која ја води германската канцеларка Ангела Меркел, ја подели земјата и ја зголеми бројката на злосторства поради омраза.
Меѓутоа, по затворањето на балканската рута и постигнатиот договор меѓу ЕУ и Турција, во Германија барање за азил поднеле 280.000 лица, што е за 600.000 помалку во однос на една година претходно.
Министерството за внатрешни работи на Германија не ги споредувала многу минатогодишните злоторства врз мигрантите и бегалците со оние од пред една година, бидејќи криминалните дела од таа категорија почнале да ги ажурираат дури во 2016 година.
Германското министерство го осуди насилството, истакнувајќи дека луѓето кои „ги напуштиле своите домови во потрага по заштита во Германија, имаат право да очекуваат побезбедни засолништа, пренесува Би-би-си.
Портпаролката на левичарската партија Дие Линде, Ула Јелпке, изјави дека германската влада била премногу фокусирана на безбедносната закана од мигрантите, додека всушност вистинската закана доаѓала од екстремната десница во Германија.
„Дали луѓето мораат да умрат пред десничарското насилство да почне да се смета за основен домашен безбедносен проблем. Нацистите им се закануваат на бегалците, а со тоа и на демократијата”, изјави Јелпке.