Ayhan Şimşek
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската странска разузнавачка агенција БНД пресретна разговори кои докажуваат дека руските сили намерно целеле цивили во Украина, тврди магазинот „Дер шигел“ (Der Spiegel) во денешното издание.
„БНД оваа недела го информира Парламентарниот комитет околу нејзините откритија, вклучително и радиопораките во кои руските војници и платеници зборуваат околу убивањето на цивили во Буча“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, на една од снимките, еден човек вели: „Прво испрашајте ги цивилите, потоа застрелајте ги“, а во друг пресретнат разговор војникот му кажува на неговиот другар како тие застрелале лице на велосипед.
„Дер шигел“ објави дека руските платеници, вклучително и оние од воената група „Вагнер“, биле вмешани во изминатите злосторства во Украина.
Русија постојано ти отфрла наводите, велејќи дека се „напад на лажни вести“ и тврди дека прикажаното на фотографиите кои предизвикале глобална осуда се случило откако руските сили се повлекле од градот.
Руската војна во Украина, која започна на 24 февруари, доведе до меѓународна осуда, а ЕУ, САД и Велика Британија, меѓу другите, воведоа строги финансиски санкции на Москва.
Најмалку 1.563 цивили се убиени во Украина и 2.213 се повредени, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу повисока.
Повеќе од 4,3 милиони Украинци пребегаа во други земји, а милиони други се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.